УЖАСНА ЕКСПЛОЗИЈА на автопат во Кина! Најмалку 10 лица ПОЧИНАТИ, повеќе од 100 ПОВРЕДЕНИ!

14 јуни, 2020
Fuel-Tank-Explosion-678x381

Најмалку 10 лица загинале, а повеќе од 100 биле повредени кога експлодирала цистерна со нафта на автопат во Венлиг, во источна Кина.

Силата на експлозијата се срушиле куќите и фабриките што се наоѓале во близина, објави владата на социјалните медиуми.

https://twitter.com/i/status/1271809141674323968

Огромни облаци од црн чад се рашириле на небото, додека пламените јазици зафатиле неколку автомобили, јави агенцијата Sinhua.

Драматичните снимки покажуваат голема огнена топка што се појавува на небото додека луѓето врескаат и бегаат.

Спасувачите сè уште се борат за спасување на околните жителите, а повредените се пренесени во болница, пренесува Дејли Меил.

Весникот забележува дека сообраќајните несреќи се чести во Кина, а според официјалните податоци, само во 2015 година, 58.000 луѓе починале на патиштата низ целата земја.