11 типови на луѓе во карантин и нивните урнебесни карактеристики!

1 мај, 2020
карантин

Живееме без кафе-дружења, без фризерки, козметичарки, базени, курсеви, теретани, клубови…

Благодарение на карантинот, на површина испливаа некои нови особини кај луѓето. Еве неколку типови на луѓе во карантин:

Тип 1: ИНФОРМАЦИЈА

Најчесто познаваат личност чија кума на братучедка има пријателка која има пријателка на висока позиција. Таа прва ги дознава сите информации. Ти ги кажува само тебе зашто ти мисли добро.

Тип 2: ШИРИ ПАНИКА

Се е теорија на заговор. Секогаш ситуацијата е полоша отколку што е, а таа е таа која ќе ве освести.

Тип 3: ШИРИ ЉУБОВ

Праќа виртуелни прегратки. Би го прегрнала и самиот вирус зашто му е потребна љубов. Кога не вибрира љубов, блуе оган.

Тип 4: ПАРТИ МАНИЈАК

Со сила ги тера пријателите сами да пијат и супер да си поминат. Ама на “live”. Урлање преку камера, наздравување и врвен аутфит се неизбежни.

Тип 5: ШЕФ НА КУЈНАТА

Вистинско време е да се сликаат сите оброци. Овие денови мајсторите во кујна споделуваат рецепти за леб.

Тип 6: ХЕЈТЕР

Го користи слободното време кое и онака го има на претек за истражување на сè што не чини кај другите. Најчесто на Твитер

Тип 7: МРЗА

Се покажаа како херои. Додека другите се бунат што се затворени дома, мрзата ужива. Можно е да не знае што се случува бидејќи не сака да гледа вести.

Тип 8: ЧИСТОТНИК

Секако дека кваките треба да се прскаат по секое допирање, прозорите се измиени веќе неколку пати, се е дезинфицирано.

Тип 9: ХОБИХОЛИЧАР

На овој тип ситуацијава супер му дојде. Најспосле има време за сите хобија. Не размислува да ги претвори во работа, зашто не е тоа тоа ако некој те плаќа за тоа што го правиш.

Тип 10: ВЕЖБАЧ

Можете да ги исфрлите од теретана, но теретаната од нив не можете. Очекувајте многу пот, совети и протеинска исхрана.

Тип 11: ХИПОХОНДРИК

Има корона три пати на ден. Другите болести стрпливо чекаат бидејќи ова се петте минути на короната.