Адел ja покажа новата линија, фановите „збеснаа“: „Преубава е, ќе се расплачам“

23 октомври, 2020
e837d99d-885c-4eff-9627-9bee2515c02a

Пејачката Адел утре ќе биде гостин домаќин на популарната емисија во сабота навечер во живо, а најавата за новата емисија создаде вистински хаос на социјалните мрежи. Адел ја покажа новата линија и тенок струк во најавата на шоуто, а милиони нејзини обожаватели се согласуваат дека изгледа фантастично.

Нејзина гостинка е Габриела Вилсон, попозната како H.E.R., но гостинот дефинитивно веќе беше во сенка на пејачката која направи неверојатна трансформација со намалување на килограмите.

„Преубава е, ќе се расплачам“, напиша еден од обожавателите на пејачката во коментарите на Инстаграм на Ен-Би-Си, каде беше најавено новото шоу.

Пејачката се фотографираше на Инстаграм на почетокот на мај оваа година, каде беше очигледно дека изгубила повеќе од 50 килограми. Оттогаш нејзините обожаватели со нетрпение го очекуваат секој нејзин јавен настап, а комплиментите не изостануваат.

escort - Korsan taksi