Адел со ново момче?!

1 јули, 20200
Adele

Една од најпопуларните пејачки во светот, 32-годишната Адел, неодамна го шокираше светот со нејзината трансформација, односно нејзиното драстично слабеење. Сепак, се чини дека покрај новата линија, има уште едни нови вести во животот на оваа пејачка. Имено, многу обожаватели се убедени дека таа повторно е  вљубена, во пет години постариот британски рапер, Скепта.

View this post on Instagram

5 ciders in 👌🏻

A post shared by Adele (@adele) on

Гласините за љубовта меѓу Адел и раперот се појавија пред осум месеци. Како и да е, со оглед на тоа што пејачката го крие својот приватен живот – како змија нозе, таа никогаш не го искоментира тоа, па така со  текот на времето „шепотењата“ се смирија. Сепак, овој викенд Адел повторно стана дел од новите трачеви, затоа што јавно флертуваше со раперот на социјалните мрежи. Имено, овој викенд таа објави фотографија на Инстаграм на која позира покрај телевизорот, на кој беше пуштена снимка од музичкиот фестивал „Glastonbury“.

Скепта не ја пропушти можноста да ја прокоментира фотографијата, па напиша: ’Конечно ја добив Вашата лозинка од Инстаграм’. Иако очигледно е внатрешна шега, коментарот доби скоро осум илјади „лајкови“ од обожавателите кои ентузијастички претпоставуваа дека двајцата музичари се нешто повеќе од пријатели. Ова набргу го потврди и самата Адел, која одговори на споменатиот коментар со „емоџи“ коешто намигнува, но и со срценце. Со оглед на тоа што Адел и Скепта сè уште не ја објавиле јавно својата нова врска, останува да видиме како ќе се развива ситуацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi