Алиша Кис ја покри целата глава со кристали, а „грубите“ гради ѕиркаа од под проѕирниот топ (ФОТО)

9 ноември, 2020
alicia-keys-alisa-kiz-2-830x0

Познатата пејачка го привлече вниманието на публиката со својот поинаков изглед

Американската поп и рнб пејачка Алиша Кис (39) настапи на Европските музички награди „MTV EMA“ со маска по целото лице и ги воодушеви своите обожаватели.

Имено, на оваа виртуелна церемонија пејачката го покри целото лице со маска која нема заштитна функција, туку служи исклучиво како украс и сценски накит.

Кога убавицата настапи на познатата церемонија на доделувањето на наградите, по тој повод покрај пеењето, привлече големо внимание од медиумите и обожавателите ширум Светот со својот стајлинг.

Церемонијата на доделување на наградите оваа година е однапред снимена на повеќе локации низ Светот, бидејќи изведувачите не можеа да се соберат во иста земја и во иста просторија за да им се доделат награди и да настапат, поради новиот бран на пандемијата на коронарниот вирус, кој моментално е актуелен во Светот.

Талентираната музичарка носеше кистален топ кој е направен од истиот материјал како и маската, а исто така носеше светло-кафеави панталони со џебови и огромна кафеава јакна со крзно над топот. Таа носеше високи потпетици светло-кафеави, а кога ја симна маската, се виде дека носи лесна шминка во боја на кожата и долга опашка пуштена по грбот.

Додека некои го фалат нејзиниот изглед, други ја критикуваат затоа што велат дека таа е лош пример за младите затоа што покажува дека заштитната маска не е важна, но се носи како украс и не е важно дали има заштитна функција

Добитничката на 15 Греми награди објави нов, седми студиски албум кон крајот на септември, едноставно насловен како „Alicia“

– Албумот го нареков со моето име затоа што се чувствував така во студиото додека го снимав. Удобно ми е во мојата кожа, ги прифатив сите свои разлики создавајќи ги овие песни. Ова е најискрената верзија за мене и се надевам дека ќе можам да го пренесам тоа, како чувство, на секој што го слуша албумот – изјави тогаш Алиша.

escort - Korsan taksi