Амал сака да посвои дете бегалец, но Џорџ има причина зошто не сака

8 декември, 2020
George-Clooney-i-Amal-Alamuddin

За приновата во семејството Клуни се шпекулира веќе некое време, и иако многу медиуми пишуваа дека 42-годишната адвокатка за човекови права, Амал, три години откако ги роди близнаците Ела и Александар, е бремена повторно и повторно со близнаци, Магазинот ОК! сега пишува дека таа сè уште сака да посвои дете додека на нејзиниот сопруг, 59-годишниот актер Џорџ, воопшто не му се допаѓа идејата.

Имено, како што откри извор за споменатите медиуми, 42-годишната девојка наводно дошла до идеја да посвои дете бегалец откако минатата година била во контакт со нив како дел од нејзината хуманитарна работа.

Сепак, Џорџ одби. Sвездата на „Океан 11“ наводно не била воодушевена од предлогот на неговата сопруга затоа што тој верува дека на ваквите деца им треба многу поголемо внимание и грижа, а со оглед на тоа што нивните близнаци се уште се мали, Џорџ верува дека не можат да посветат доволно време на сите.

Инаку, актерот зборуваше за темата деца пред неколку дена како дел од интервјуто за магазинот GQ, кое го прогласи за маж на годината. „Цели 36 години бев вид на лик кој, кога детето плачеше или почнаше да плаче, ќе бегаше што подалеку без оглед на се. Одеднаш станав оној друг лик со деца“, призна тогаш искрено 59-годишникот, кој е во брак последните шест години.

escort - Korsan taksi