АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР ПО ИТНАТА ОПЕРАЦИЈА: Актерот објави фотографија од болничкиот кревет, еве како се чувствува (ФОТО)

24 октомври, 2020
1616059_profimedia0143276401_ls

Арнолд Шварценегер откри дека бил подложен на операција на срцето, но дека се чувствува фантастично.

“Имам нов аортен вентил заедно со мојот нов белодробен вентил од претходната операција. Се чувствувам фантастично и веќе шетам по улиците на Кливленд”, објави актерот и поранешен гувернер на Калифорнија на Твитер во петокот.

Шварценегер (73) исто така објави фотографија од болнички кревет на клиника во Кливленд и им се заблагодари на вработените во болницата.

Актерот, кој е роден со срцева мана, беше подложен на итна операција на отворено срце во 2018 година, кога му беше заменет вентилот на белите дробови.

escort - Korsan taksi