Бесната Џенифер Анистон и се закани на Меган Маркл

19 јуни, 20200
jen

Не и е сеедно…

Една од целите на 38-годишната Меган Маркл, која неодамна го напушти кралското семејство со својот три години помлад сопруг и се пресели на друг континент, е секако да се врати “под рефлекторите” и да постигне слава во Холивуд. Откако светските медиуми деновиве објавија дека поранешната војвотка „фрлила око“ врз 56-годишниот Бред Пит, додека тој сè уште бил со Анџелина, “New Idea” сега пишува дека враќањето на Меган во Америка многу ја загрижило 51-годишната Џенифер Анистон, која и се заканила на Меган да се држи  што е можно подалеку од Бред.

 Имено, споменатиот таблоид тврди дека Меган со години се обидувала да се доближи до Бред и дека пред да застане пред олтарот со Хари, таа исто така изјавила дека би сакала да стане следната госпоѓа Пит. Сега, кога се врати од Велика Британија, каде не најде среќа, има план како да го обезбеди својот статус во Холивуд, а тоа е да се дружи со sвезди како Бред Пит.

Меѓутоа, на Џенифер тоа не и се допадна. Таа неодамна повторно воспостави добри односи со овој актер, а „шушкањата“ за нивната повторна романса не престануваат.

  „Џен е во тек со целата сага на кралското семејство, односно со фактот дека Меган влезе во семејството и ветуваше сè, за на крајот да ги напушти“, откри неименуван извор, додавајќи дека Џенифер верува дека Меган го искористува својот славен сопруг и дека е крајно сомнителна во нејзините мотиви и добра волја. „Џенифер и нејзините славни пријателки работеа напорно за да постигнат успех и ќе бидат бесни ако оваа жена само се појави и очекува големи улоги само затоа што се омажи за принц“, рече истиот извор, додавајќи дека Џенифер отворено го известила Бред, дека не сака да има никаква врска со Меган на кој било начин, а неа и се заканила да остане што е можно подалеку од нејзиниот миличок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi