Бијонсе повторно бремена со близнаци?

4 јуни, 20200
imageedit_123_7497406811

Еден од најпознатите музички парови на светот, 38-годишната пеачка Бијонсе и 50-годишниот рапер Џеј Зи, веќе се благословени со 3 деца, ќерката Блу Ајви и близнаците Руми и Сер Картер. Но дали нивното семејство ќе се зголеми за уште два члена?

Списанието NW претходниот ноември објави статија во која тврди дека пеачката е повторно бремена со близнаци, но тоа се покажа невистинито бидејќи таа не се породи досега. Но од каде им се тогаш тие информации?

NW пишувале како Бијонсе ги зачнала близнаците со вештачко оплодување и како било токму на време за да го спаси нејзиниот 11-годишен брак со Џеј Зи, кој бил на стаклени нозе. Наводно тоа им го открил близок извор на музичкиот пар и додал како Бијонсе и Џеј Зи се пресреќни што ќе им се прошири фамилијата, но тоа го држат во тајност иако дивата веќе била во 4-тиот месец на бременоста.

Во прилог со информациите на „инсајдерот“ доаѓал и фактот дека Бијонсе во тоа време објавила фотографија на Инстаграм на која ја носела истата нараквица која ја носела кога била бремена со Блу Ајви во 2011. Со тоа сакала да порача дека таа повторно ќе има деца, а уште еден индикатор било тоа што пеачката не пиела алкохол на роденденската забава на Џеј Зи.

Иако сето ова можеби звучи вистинито, на крајот излезе дека е лажна надеж за нејзините обожаватели. Но никогаш не се знае со сигурност. Холивудските дами вообичаено практикуваат да имаат деца во подоцнежните години, па секогаш постои шанса да ја видима таа фамилија повторно да се зголеми, можеби и со близнаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi