Боб Дилан за новиот албум: Песните како сами да се пишуваат

14 јуни, 20200
tajhbzjazhb

Боб Дилан пружи увид во своето кант авторство, ја осуди смртта на Џорџ Флојд и во реткото интервју објавено во петокот, рече дека би сакал да ја напишел баладата која ја потпишуваат Ролинг Стоунси, “Angie”.

Дилановиот опширен разговор во New York Times е неговото прво интервју од 2017 година, а објавено е една недела пред денот на излегувањето на неговиот нов албум, првиот во последните осум години. 

Човекот кој се смета за еден од највлијателните кант автори во светот, откри што ја мотивира неговата креативност и значењето во позадината на новите песни кои се преполни со попкултурни референци од последните пет децении. 

Албумот “Rough and Rowdy Ways” ќе биде објавен на 19 јуни.

Дилан (79) објави три сингла порано оваа година, вклучувајќи ја и 17-минутната песна, “Murder Most Foul”, онспирирана од убиството на американскиот претседател Џон Кенеди во 1963 година. Авторот вели дека песните му доаѓаат од самиот тек на свеста.  

Bob Dylan - Wikipedia

“Мнозината од моите скорешни песни е таква. Стиховите се стварни, опипливи, не се метафори. Се чини дека песните се познаваат самите себе и знаат дека можам да ги отпеам, вокални и ритмички. На некој начин самите се пишуваат и сметаат на мене да ги пеам”, му рече Дилан на историчарот Даглас Бринкли во интервју.

Осврнувајќи се на смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд, Дилан рече дека бескрајно му се смачило кога видел како е флојд мачен до смрт.”Беше повеќе од грдо, да се надеваме дека правдата ќе дојде брзо за семејството на Џорџ и за нацијата”.

Музичарот откри дека уживал работејќи со Ролинг Стоунс и Иглс, кои се само некои од културните референци на неговиот нов албум.

На прашањето која песна од Ролинг Стоунс би сакал да ја напишел, одговори, “можеби ‘Angie’, ‘Ventilator Blues’ и што уште, да видам. Оу, да, ‘Wild Horses'”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi