Чевли кои вредат цело богатство! Виоките потпетици што ги носеше пејачката се на аукција: Сите приходи одат во добротворни цели за борба против корона вирусот!

19 мај, 2020
еми

Пар чевли со високи потпетици, кои ги носеше покојната Ејми Вајнхаус, и ракописни стихови од песните на Бон Вокс, ќе бидат продадени на аукција од „Island records“, а сите приходи одат во хуманитарни организации во Велика Британија и Америка во борба против корона вирус. Аукцијата наречена One love covid Relief, именувана по хитот на Боб Марли, ќе се одржи на Интернет на 21 мај, а домаќин ќе биде Били Портер.