Дали бакнувањето со маски е дозволено, глупаво, опасно? Одлична реакција на фотографијата на Меконахи

23 август, 2020
metju-mekonahi-matthew-mcconaughey-830x0

Актерот Метју Меконахи објави фотографија на социјалните мрежи во која преку заштитна маска споделува бакнеж со сопругата Камил Алвес.

Меконахи не додаде никаков опис на фотографијата, но среде пандемијата на вирусот корона, корисниците на социјалните мрежи не беа воодушевени од оваа постапка, бидејќи веќе е добро воспоставена практика да се минимизира личниот контакт со цел да се спречи ширењето на вирусот.

  • Дали е ова шега? Прашал еден корисник.
  • Извини, човеку, но ова е едноставно глупаво. Тргнете ги проклетите маски. Станува збор за контрола и манипулација – додаде друга.
  • Ќе бидете cool ако не го сторите тоа.
  • Каква пропаганда е ова?
  • Губите сериозни cool поени …

Следеа негативни коментари, но имаше и такви што го сакаа овој потег, сметајќи го за „убав“ и „сладок“.

Неодамна, „Independent“ напиша за тоа како носењето заштитни маски и избегнување на бакнежи е „клучно“ со цел да се спречи вирусот на корона.

Како што избувна пандемијата во март оваа година, голем број луѓе престанаа да бараат партнер, според истражувањето на „The Terrence Higgins Trust“. Студијата покажа дека дури 84% од испитаниците се воздржуваат од секс надвор од своето домаќинство.

Сепак, по неколкумесечен карантин, „ The Terrence Higgins Trust“ рече дека веќе не е реално да се замолат луѓето да се откажат од секс, и рече дека е најдобро да се стори тоа, со користење на секс играчки, преку телефон или со партнер. Сепак, организацијата исто така препорача дека луѓето треба да носат заштитни маски за време на чинот.