Деми Ловато постираше селфиња со момчето, но сите гледаат во нејзиниот костим за капење!

31 мај, 2020
imageedit_40_8928254833

Веројатно сите досега знаеме дека Деми Ловато знае како да направи добро селфи во базен, но овој пат и се придружи и нејзиното момче, Макс Елрич. Пејачката неодамна постираше неколку заеднички слики со нејзината нова љубов, но колку и да е слатка нивната нова романса, многу фанови беа повеќе заинтересирани за нејзиниот тренди костим за капење.

Деколтето во форма на срце заедно со наборите го прави овој костим за капење одличен за секое тело. Тоа е нешто што на сите ни треба во летниот ормар! Да не споменуваме дека понекогаш сакаме да сме повеќе покриени на плажа од обично и овој костим е совршен за тоа, сепак дозволувајќи да изгледаме секси и модерно.

Деми го искомбинира ова парче со црвени очила за сонце и црвен лак на ноктите, совршено за секси аутфит на базен.

View this post on Instagram

ilysfmiai @maxehrich.. ❤️😝🥰

A post shared by Demi Lovato (@ddlovato) on