Дознајте која песна од Bon Jovi сте според хороскопскиот знак!

11 мај, 2020
џови

Не е лесно да се одлучите за само една песна од рок иконата Бон Џови, но можете да ја одберете со помош на вашиот хороскопски знак.

Овен – Blaze of Glory

Овој огнен знак сака да живее на работ, ден за ден, не сака многу да планира, а кога си заминува, заминува со стил.

Бик – Born to Be My Baby
Бикот е предаден, со цврсти уверувања и не се плаши од неивесната иднина, зашто ако е со саканата личност, ништо не го плаши. Кога ќе и се вети на една личнист тој е тука да направи се за неа.

Близнаци- Bad Medicine
Немојте да се изненадите ако близнакот ви приреди некое изненадување и ви открие некоја негова карактерна особина. Некогаш тоа може да биде добро, а некогаш лошо.

Рак- Bed of Roses.

Животот на ракот често наликува на емотивна, меланхолична балада во која љубовната болка не е ништо лошо. Ракот е ранета душа која наоѓа смисла во сè, па дури и во несреќната љубов.

Лав – It’s My Life
Срцето на лавот е како отворен автопат, а лавот сè што прави, го прави на свој начин. Тој не дозволува никој да управува со неговиот живот.

Девица- I’ll Be There For You
Совесната и лојална девица е секогаш тука за семејството, пријателите и саканите луѓе. Ништо не може да ја одврати од намерите, таа може и карпи да помести за да помогне кога е потребно.

Вага – Always
Една од најубавите балади на групата Bon Jovi, која најдобро ја опишува шармантната , одмерена и сензуална вага. Ништо не може да ја одврати од идејата да се бори за љубовта, но прво добро ќе размисли дали се исплати да се бори.

Шкорпија – You Give Love a Bad Name
Фатални и таинствени, Шкорпиите зад себе оставаат многу скршени срца. Љубовта со Шкорпија е многу интензивна, страсна и бурна, а доколку прекине , неретко остава горчлив вкус.

Стрелец – Wanted Dead or Alive
Тешко е да го уловиш и зауздаш Стрелецот. Тој е светски патник, талкач, секогаш во движење, слободоумен.

Јарец – Livin’ on a Prayer
Песната совршено го опишува бестрашниот, дисциплиниран и амбициозен Јарец, кој никогаш не се откажува.

Водолија – Have a Nice Day
Разиграната Водолија е вечен оптимист, весел карактер кој сака енергични и позитивни песни како оваа.

Риби – Miracle
Рибите се секогаш сонувачи , секогаш во потрага по некое чудо, голема смисла, вистина…Ова е одлична песна за нив.