Дуа Липа објавува уште еден албум – соработува и со Мајли Сајрус

1 август, 20200
profimedia-0484785798-725x483

Поп-ѕвездата Дуа Липа потврди дека наскоро ќе ја објави „другата страна“ на нејзиниот хит албум „Future Nostalgia“, односно дека наскоро ќе донесе уште еден нов албум со целосно нови песни.

Таа одговори на еден од обожавателите на Инстаграм, кој напиша дека му треба „продолжение на албумот“, односно „страна Б“ – „Не грижи се, доаѓа заедно со многу нови работи“, напиша пејачката.

Овој коментар доаѓа само два месеци откако нејзиниот потенцијален сингл со пејачката Нормани заврши на Интернет. Дуото тогаш рече дека снимиле дует со поранешен член на групата „Fifth Harmony“, но дека на крајот таа одлучила дека нема да има соработки на албумот. Наместо тоа, таа вети дека ќе ја објави песната во „вториот бран“.

„Размислував за некои потенцијални дуети, но на крајот решив да ги немам на албумот. Го оставам тоа за подоцна. Снимив песна со Норман и ќе имате можност да ја слушнете побрзо отколку што мислите“, рече таа, а потоа го спомена и потенцијалниот дует со Мајли Сајрус.

„Ја сакам Мајли,  јас сум ѝ голем обожавател. Разговаравме да направиме нешто заедно во иднина. Сè уште не сме снимиле, но разговаравме за тоа “, рече пејачката.

И двете веќе се познати како добри пријателки во музичката индустрија. Минатата година, Дуа Липа ја ангажираше Мајли Сајрус да настапи на фестивалот „Sunny hill“ во Приштина, кој инаку го организира таткото на Дуа, Дукаџин Липа. Така, Мајли стана првата меѓународна женска ѕвезда, покрај Дуа, која настапуваше и на Косово.

Важно е да се спомене дека Дуа Липа наскоро ќе издаде дует со кралицата на поп музиката Мадона, што всушност е ремикс на една од песните од веќе објавениот албум.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi