Двапати помладата колешка му го помати паметот! Запознајте ја девојката на Леонардо Ди Каприо (фото)

18 јуни, 20200
kamila

Лео е лудо за заљубен во партнерката Камила, која е две декади помлада од него…

Не е тајна дека актерот и добитник на престижниот Оскар, Леонардо Ди Каприо, сака одреден тип на жена. Тој најмногу се забавува со модели, на возраст меѓу 20 и 25 години. Доказ за тоа се секако неговите поранешни девојки, меѓу кои се и Жизел Бундшен, Нина Агдал, Бар Рафаели и Ерин Хајтертон.

ДиКаприо во моментов е во романтична врска со 23-годишната манекенка и актерка, Камила Мороне, а шпекулациите за нивната љубовна врска и вниманието на медиумите го привлекоа уште во декември 2017 година. Лео и Камила се запознале во тој период, за време на престојот во Флорида, и од тогаш честопати биле видени заедно. Сепак, гласините за врската беа потврдени само со појавување на Оскарите во 2020 година. Иако славната двојка не шеташе по црвениот тепих рака под рака, на 92-та церемонија на престижните актерски награди, тие седнаа еден до друг. Актерот беше облечен во едноставен црн костум, додека неговата поубава половина избра бел фустан во комбинација со ефектен ѓердан.

Поради нејзината врска со 23-годишниот актер, Камила честопати беше мета на негативни коментари. Затоа, после две години во врска со Лео, таа остро одговори на сите негативци во интервју за Лос Анџелес Тајмс.

View this post on Instagram

Currently on a flight, not lookin like this

A post shared by Camila Morrone (@camilamorrone) on

– Постојат многу љубовни врски во Холивуд, како и во историјата на светот, кои имаа голема разлика во возраста. Мислам дека сите треба да бидат со кого сакаат – рече Камила и со тоа уште еднаш се обиде да ги „затвори“ устите на сите негативци кои ја сметаат нивната љубов чудна и несоодветна.

Иако таа стана позната на пошироката јавност поради нејзината врска со добитникот на Оскар, Камила уште одамна тргна по патот до нејзината слава. Своите први чекори во моделството ги започна многу рано, а сега, на 22-годишна возраст, веќе може да се пофали на насловна страница на турското издание на модното списание „Вог“ и кампањи за американски модни линии. Сепак, моделството не е единствената страст на Камила. Таа е исто така вклучена во актерството, а странските медиуми нејзиниот талент и харизма ги споредија со познатата актерка Џенифер Лоренс.

Камила Мороне пораснала со познати личности. Нејзината мајка, актерка Лусил Сола, е во врска со познатиот Ал Пачино уште од 2011 година, додека таткото на манекенката Максимо исто така се занимавал со манекенство во младоста. Беше исклучително популарен во текот на 80-тите и 90-тите години поради ангажманот во реклами за познати брендови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi