Џастин Бибер ја слави својата прва годишнина од бракот: „Хејли Болдвин, имам среќа што сум твој сопруг, ме правиш подобра личност“

1 октомври, 2020
1319972

Пред една година, канадскиот пејач Џастин Бибер и манекенката Хејли Болдвин го кажаа судбоносното „да“ на церемонијата со стотици гости во Јужна Каролина. Изминатите 365 дена за вљубениот пар беа исполнети со среќа, љубов и задоволство

По турбулентната младешка врска со Селена Гомез, а потоа и уште неколку неуспешни авантури, пејачот Џастин Бибер најде сè што некогаш барал во згодната манекенка Хејли Болдвин.

Џастин и Хејли ја слават својата прва годишнина од бракот, а сега 26- годишниот музичар се потсети на тој убав свечен ден кога ѝ се посвети на својата избраничка за вечна љубов.

Бибер на својот официјален профил на Инстаграм објави фотографија од свадбената церемонија и првиот бакнеж на младенците и ѝ испрати емотивни зборови на сопругата: „Хејли Бибер, имам среќа што сум твој сопруг. Секојдневно учам многу од тебе и ме правиш подобра личност. Ветувам дека секогаш ќе те ставам на прво место и ќе имаш многу трпеливост и љубов. Среќна годишнина, убава и драга жено“.

Г-ѓа Бибер се сети и на најсреќниот ден во нејзиниот живот, пишувајќи дека бракот со Џастин е исполнување на сите нејзини соништа и дека тој ден би сакала да го прожувува до крајот на животот.

Пејачот и манекенката минатата година во ова време собраа стотици гости во луксузното одморалиште во Јужна Каролина каде се одржа тридневна прослава. Сè започна со воведна вечера, а потоа и официјалната венчавка продолжи кога невестата заблеска во венчаница со огромен вел и уште поголем превез дизајниран за неа од популарниот дизајнер Виргил Аблох, основач на брендот Off-White. На превезот беше напишано : „сè додека смртта не нè раздели“.

Кендал Џенер, Камила Мороне, Џоан Смолс, Алек Болдвин, како и контроверзниот менаџер Скутер Браун славеа со младенците до раните утрински часови. За целата свадбена прослава тие искеширале неверојатни 8 милиони куни.

escort - Korsan taksi