Џастин Бибер одлучи да ја тужи девојката која што изнесе језиви oбвиненија против него

27 јуни, 2020
295893_profimedia0492570127_ff

Пред неколку дена, на Твитер се појави шокантна исповед полна со детали, кои пејачот ги демантираше еден по еден.


Претходно оваа недела, на социјалната мрежа Твитер, извеснa Дeниел до најмали детали опиша како се запознала со Џастин Бибер во 2014 година по настапот во градот Тексас во Остин и како ја силувал.


Пејачот тогаш, иако обично не се огласува поради слични обвинувања, реши да ги негира сите нејзини тврдења, едно по едно: Тој напиша дека не престојувал во хотелот што е спомнат, тој приложи доказ дека неговата тогашна девојка Селена Гомез била со него, затоа што Даниел тврдела дека не е присутна итн.

На Дениел, патем, и се придружи и друга девојка која изнесе слични тврдења, а Бибер и неговиот тим на адвокати сметаат дека истата личност се крие зад овие лажни профили.

  • Овие се злонамерни измислици и единствена цел им е да го оштетат угледот на нашиот клиент – велат адвокатите на пејачот.