Ѕвездата од „Аквамен“: Децата беа мали, немаше работа, а долговите се натрупуваа. Гладувавме…

11 ноември, 2020
f_9314913_1024

Џејсон Момоа (41) е еден од најплатените и најпосакуваните актери во Холивуд, но херојот на хит филмот „Аквамен“ вели дека не било секогаш така розово. Во интервју кое неодамна го даде за „InStyle“, тој откри дека неговото семејство некогаш минувало низ голема финансиска криза што опасно ја загрозувала нивната егзистенција.

-Буквално гладувавме по мојот ангажман во „Игра на тронови“ – рече Џејсон, кој го отелотворуваше Кала Дрога во популарната ТВ серија, но неговиот лик беше убиен во 2011 година, по што актерот не можеше да најде нова работа долго време, пренесува Daily Mail.

-Беше многу мрачен период… Стресно е кога сте во долгови што само се натрупуваат, а дома имате мали деца – изјави Момоа, кој е во брак со актерката Лиза Бонет (52) од 2017 година, со која има две деца – ќерката Лола Јолани (13) и синот Наку (11).

Ситуацијата започна да се подобрува нешто дури во 2014 година, кога Џејсон го сними филмот „Патот до Палом“, кој сам го режираше. Следуваше улога во ТВ серијата „Црвениот пат“, а најголемата пресвртница во неговата кариера беше улогата на Артур Кари во „Аквамен“. Филмот заработи повеќе од 1,1 милијарда долари на бокс-офисот ширум Светот, по што Момоа стана еден од најбараните актери во Холивуд. Инаку, продолжението на „Аквамен“ се очекува во 2022 година, а Џејсон наскоро ќе се види во научно-фантастичниот филм „Дина“ заедно со Тимотеј Шаламет, Џош Бролин и Хавиер Бардем.

Во интервјуто, згодниот актер од Хаваи, меѓу другото, се осврна и на неговиот препознатлив моден израз и мораше да ја коментира неговата голема наклонетост кон одредена боја, поради што често е мета на дежурните критичари.

– Розовата е апсолутно убава! Јас сум прилично сигурен во својата машкост и воопшто не ми е грижа што мислат другите “, рече Џејсон.

escort - Korsan taksi