Ѕвездата од „Сексот и градот“ има главна улога во нова хит серија
2 август, 20200
Актерката Ким Катрал го полуде целиот машки свет играјќи ја Саманта Џонс во популарната серија „Сексот и градот“, а моментално е ангажирана во нов проект за кој американските медиуми велат дека ќе биде планетарен хит.
На својот Инстаграм профил ја извести својата публика дека новата серија во која ја има една од главните улоги ќе започне во септември.
„Време е да ја подигнеме чашата. „Filthy rich“ премиера понеделник, 21 септември“, напиша таа во описот.