Емотивната oбјава на Лејди Гага во знак на благодарност за дури 9те номинации за VМА наградата

1 август, 2020
Annotation 2020-08-01 070726

Пејачката објави селфи на Инстаграм и им се заблагодари на своите фанови

Американската пејачка Лејди Гага (34) објави фотографија од себе на социјалната мрежа Инстаграм, под која напиша емотивна порака, која им ја посвети на сите свои обожаватели, откако беше номинирана за наградата „VМА“ во 9 категории.

Пејачката објави фотографија од себеси во беж маица како стои на ливада и ја држи главата, а под објавата напиша:

– Многу сум благодарна и благословена што сум номинирана за #VMA оваа година 9 пати за мојот албум „Chromatica“, песната „Rain On Me“ и другите перформанси кои ги подготвив – започна таа.

– Ова е толку тешко време за луѓето ширум светот, јас сум навистина почестена и среќна што го имам овој ден. Се надевам дека ќе го прославите овој момент, сите треба да бидат номинирани за наградата во овој момент. За храброст и силен човечки дух. Бог да ве благослови и ве сакам, благодарам за овој подарок денес – напиша пејачката.

На оваа објава собра над 1,6 милиони лајкови, додека 42,9 милиони следбеници ја следат на социјалната мрежа.

Видеата на Аријана Гранде, Лејди Гага, Били Ајлиш и Д Викенд беа номинирани за најдобри оваа година од МТВ.

Дали музичкото видео за песната “Rain on Me” (Гранде и Гага), “Everything I Wanted” (Аjлиш) или “Blinding Lights” (Д Викенд) е подобро, ќе се дознае на 23 август кога ќе се одржат наградите на МТV.