Ештон Качер на своја 13 годишна возраст беше подготвен да го даде својот живот за својот брат близнак!

26 јули, 20200
Capturebrothers

Ви претставуваме една неверојатна и многу инспиративна приказна за браќата близнаци, Ештон и Мајкл. Едниот е познат актер денес, а другиот е познат мотивациски говорник. Холивудската ѕвезда Ештон Качер (42) е најголемата ѕвезда во неговото семејство, без сомнение, а за неговата приказна и приказната на неговиот брат би можело да се направи и филм.

Имено, славниот актер и едно од најголемите холивудски имиња, Ештон, има брат близнак Мајкл, кој е само пет минути помлад од него. Иако се близнаци, тие се сосема различни.

Мајкл Кучер беше големо изненадување за семејството, бидејќи родителите во доцната бременост откриле дека ќе имаат две бебиња. Помладиот брат бил толку мал што лекарите не верувале дека ќе преживее. Откако бебето се родило, родителите забележале дека Мајкл не се развива во иста стапка како Ештон, а набргу потоа, било утврдено дека тој страда од церебрална парализа. Неколку години подоцна, Мајкл мораше да направи трансплантација на срце, бидејќи тој исто така имаше и срцево заболување. Тоа беше тежок период за целото семејство Кучер.

Ештон секогаш го заштитувал својот помлад брат, толку многу што кога на Мајкл му требала трансплантација на срце на 13-годишна возраст, Ештон сакал да му го донира своето срце бидејќи не можеле да најдат соодветен донор за 48 часа. Сепак, донаторот на крајот беше пронајден, виталниот орган беше трансплантиран на време, а браќата близнаци станаа неверојатно блиски.Во многу наврати, Ештон зборуваше за тоа колку беше тежок овој период за него, како и за фактот дека тој беше подготвен да го заврши својот живот за да го спаси својот брат.

Ештон и Мајкл Кучер:

По завршувањето на училиштето, Ештон се запишал на студии за биохемиски инженер за да измисли лек што ќе му помогне на неговиот брат и луѓето кои се борат со истиот проблем. Сепак, судбината го однесе на друг пат.

По препорака на пријател, тој се пријавил на конкурс и победил на локалниот натпревар за моделинг натпреварот “Frsh Face”, кој го одвел во Њујорк. Оттаму, тој замина во Лос Анџелес и таму ја започна актерската кариера , а денес е една од најголемите холивудски ѕвезди.

Ештон никогаш не нашол лек за состојбата на неговиот брат, но Мајкл решил дека болеста нема да го спречи во неговиот нормален начин на живот. Поточно, се случи токму спротивното, денес Мајкл е оженет и има син, повремено има разни операции на срцето, а е и успешен мотивациски говорник. Тој ги охрабрува младите луѓе со своите говори од личното искуство. Браќата сè уште се многу блиски заради минатото што го имаа, исто како што беа и порано. Мајкл еднаш рече дека секој пат кога ќе се слушнат едни со други на телефон, разговорот завршува со зборовите: „Те сакам“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi