Еве што кралицата му рече на Хари кога рече Меган ќе добие што сака!

17 октомври, 2020
хари

Се повеќе се шират озборувања дека кралското семејство не оди во прилог на Меган и Хари. Уште откако парот ги напушти кралските должности кон крајот на март, британските таблоиди пишуваа за однесувањето на Меган кон персоналот и другите членови на семејството, а се повеќе се шират гласини дека скоро никој не се согласува со неа.

За време на подготовките за кралската венчавка на Хари и Меган, се тврди дека Хари им рекол на вработените во кралицата Елизабета дека „Меган секогаш го добива она што го сака“, а тоа се однесува на тијарата од колекцијата на кралицата што Меган требаше да ја носи. Меган, наводно, сакала сосема поинаква дијадема, но кралицата не и дозволила да ја носи.

Роберт Лејси во својата книга „Битката на браќата“, што се објавува денес во Велика Британија, тврди дека Хари добил брутален одговор од неговата баба.

“Меган нема да добие се што сака.Ќе ја добие тијарата што и ја давам”, му рече кралицата и на крајот на Меган и беше дадена дијамантската дијадема Банде, која и припаѓаше на кралицата Мери.

Меган и Хари ја негираат оваа приказна, а војвотката вели дека многу и се допаднала тијарата што ја носела на венчавката.

escort - Korsan taksi