Фенот ги исправува вдлабнатините на автомобилот, пудрата отстранува маснотии од косата: Сосема необични трикови што секој пат фукционираат!

2 мај, 20200
trik

Покрај добро познатите намени за кои се создадени, некои од производите што ги користиме за убавина можат да ни помогнат во сосема различни области од оние за кои се наменети!

Ви претставуваме необични, но многу ефикасни начини за користење на сосема обични производи!

1. Паста за заби за чистење на пеглата

Ако вашата пегла „фатила“ некаде и имате загорени наслаги, малку паста за заби ќе ви помогне! Тријте малку паста на проблематичните делови и избришете – ќе бидете воодушевени!

2. Лакот за нокти спречува паѓање на копчињата

Ако не сакате да шиете копчиња на облеката и сакате да ги спречите да не паднат, само нанесете малку безбоен лак за нокти на конецот, каде што е провлечен низ копчето.

3. Прашок за суво миење на косата

Ако немате шампон за суво миење на косата или талк, користете пудра во прав – ефектот е одличен!

4. Извадете го лепакот со помош на ацетон

Ако ви остане лепак на вашата кожа додека го лепите со супер лепилото, ќе го отстраните со обичен ацетон.

5. Крема за сончање ги отстранува дамките од маркерите

Трик што ќе го обожаваат сите родители – кога децата ќе го ишaраат мебелот со маркери или фломастери, можете да го исчистите со производ со заштитен фактор.

6. Фен за коса ги исправа вдлабнините на автомобилот

Направете го истото како кога ја сушите косата – насочете го фенот да дува во вдлабнатина на лимот, а кога ќе се загрее, на тоа место ставете коцки мраз. Температурниот шок ќе предизвика металот да се врати во нормална положба.

Дали знаете за некој сличен необичен трик? Споделете со нас во коментар!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi