(ФОТО) Елена Ристеска одбележа 18 години музичка кариера: Вредеше поради вас обожаватели мои

25 декември, 2020
elena

Познатата македонска пејачка Елена Ристеска која за првпат се појави на музичката сцена на музичкото шоу – „Плеј – Потрага по ѕвезди“, на кое и победи, прослави 18 години кариера.

„Од 22.12.2002год. поминаа точно 18 години откако победив на аудицијата на М2 продукција. 18 години музичка кариера, полни со љубов, аплаузи, почит, коментари, победи , порази, музика,музика,музика.. а од скоро и козметика. Вредеше поради вас обожаватели мои. И секако сите мои соработници и поддржувачи. Благодарам на @ivojanko и @darkodimitrov што веруваа во мене и ми го покажаа вистинскиот пат до успесите. Најголемо благодарам на моето семејство за безусловната љубов и неизмерната поддршка.
ВЕ САКАМ“, напиша Ристеска во описот на објавата.

escort - Korsan taksi