Гардеробер како нечиј стан, и во бањата – златна када! Ѕирнете во луксузната вила на Кендал Џенер

30 ноември, 2020
кенда

Манекенката Кендал Џенер (24) ги отвори вратите на својата луксузна вила во Лос Анџелес, во која се пресели пред година и пол, за списанието „Архитектонски дигест“.

Имено, манекенката во едно интервју откри дека реновирањето на куќата траело околу една година и дека за таа пригода ги ангажирала дизајнерите на Томи Климентс, како и Валдо Фернандез.

Дизајнерите откриле дека не знаеле што да очекуваат од 24-годишната sвезда која е нивен клиент, па рекоа:

Нејзиниот вкус е различен од остатокот од семејството, таа е повеќе боемска и фанки. Нејзините барања беа целосно разбирливи и приземни – рекоа дизајнерите.

Томи ја опиша својата прва средба со Кендал, која во моментов е најплатениот модел во светот и рече:

Имајќи предвид што прави, очекувавме дека таа ќе сака да ја украсува својата куќа повеќе на „ва ва вум“ начин и многу помладо, но сите бевме среќни кога видовме дека нејзиниот вкус е посериозен за нејзината возраст – рече тој тој

Вилата располага со огромна дневна соба со камин, ходници со високи прозорци за влегување во светлина, просторија за сликање на платно, канцеларија, голема кујна и трпезарија, гардероба и просторија за шминка, отворен двор со простран базен пред вилата, спална соба и бања за капење.

Познаваме многу луѓе кои патуваат постојано и кои имаат можност да видат сè, но не апсорбираат ништо. Кендал е различна. Таа апсорбира сè и сака работи што и прилегаат и оставаат впечаток на дом – додаде Томи.

escort - Korsan taksi