Голем пресврт во односот на Анџелина, Бред и Џенифер!

18 јули, 20200
Annotation 2020-07-18 154253

После се што поминаа

Иако се зборува за меѓусебна нетрпеливост и војна меѓу двете холивудски актерки, 51-годишната Џенифер Анистон и шест години помладата Анџелина Џоли, поради тоа што Анџелина и го “украде” сопругот на Џенифер, 56-годишниот актер Бред Пит, се чини дека не постои “злобна крв” помеѓу двете актерки.

Angelina Jolie

Имено, иако, според многу странски медиуми, тие нивната романса ја започнале во 2005 година на сетот на филмот ’Mr. and Mrs. Smith’, кога Бред сè уште беше во брак со Џен, Анџелина Џоли тогаш почувствувала голема почит кон Џенифер која, не само што беше сопруга на актерот, туку и негова најдобра пријателка.

Jennifer Aniston

Како што еднаш рече 45-годишната Анџелина во интервју за американските медиуми, кога се запознала со Бред, не знаела многу за неговиот приватен живот, но знаела дека живее со нејзината најдобра пријателка. Исто така, нејзината единствена средба со Џенифер била за време на снимањето на споменатиот филм кога Џенифер и открила дека нејзиниот сопруг е многу возбуден за филмот што го снимаат. Дека Анџелина исто така беше возбудена од филмот беше откриено неколку месеци подоцна кога нивната романса стана официјална, а гласините за војна меѓу две холивудски sвезди започнаа со неа.

Brad Pitt

Сепак, и покрај различните статии низ годините, актерките не се огласуваа премногу за својот однос, па многумина веруваат дека голем дел од ’војната’ е само дело на разни медиуми, што е поткрепено со фактот дека Анџелина имала само зборови за пофалба за Џенифер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi