Грција бара од Лондон да го врати ѕидот од Партенон изложен во Британскиот музеј

24 мај, 20200
партенон

Британскиот дипломат Лорд Елгин во 1803 година со дозвола од Отомаското царство под чија власт тогаш била територијата на Грција, фризот од Партенонот го однел во Лондон и го продал на Британскиот музеј каде е сега изложен и претставува еден од клучните експонати на таа културна установа.

Велика Британија порано одбивала да ги врати тие скулптури на Грција наведувајќи дека тие се донесени во Британија со дозвола на тогашната власт.

“Повторното отворање на археолошките локации претставуваат прилика за меѓународна организација која поддржува враќање на деловите од Партенон за да се исполни барањето на грчката влада за конечно враќање на мермерните скулптури”, Изјавила грчката министерка за култура.

Според нејзе, Грција никогаш нема да прифати дека британскиот музеј е сопственик на фризот.

Грција бара враќање на фризот уште од 1983 година, кога кампањата ја започнала грчката актерка, а потоа и министерка за култура Мелина Меркури.

Партенонот, храм заштитник на градот Атина е создаден помеѓу 447 и 432 година п.н.е и претставува еден од најзначајните архитектонски симболи на западната цивилизација и споменик со кој Грците многу се гордеат.

Иако христијаните своевремено ги демолирале скулптурите на Акропол, Партенонскиот фриз останал недопрен до 1687 година кога во текот на опсадата бил погоден со топ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi