Гвинет Палтроу повторно во центарот на вниманието: Актерката овој пат отиде чекор подалеку

17 јуни, 20200
gvinet-paltrou

Актерката Гвинет Палтроу со години е „велнес гуру“, таа дава разни контроверзни совети, продава сè и сешто, а можеби и најшокантен од сите производи досега беше свеќата која „мириса како неа“.

После таков производ, тешко беше да се дојде до нешто што подеднакво ќе ги шокира луѓето, но Гвинет секогаш се обидува – и така сега таа излезе со свеќа која „мириса на нејзиниот орга * ам.”

Последната свеќа се распродаде многу брзо, а оваа новата веќе е пуштена во продажба на нејзината страница Goop – иако засега е достапна само во САД – и се продава за 75 долари!

Свеќата се продава во црна кутија на која, соодветно, е нацртан огномет.

Марката на Гвинет, Goop, често е критикувана од здравствени работници, поради невистинити здравствени тврдења, како што е приказната за важноста на таканареченото наводнување на женскиот сексуален орган, како и приказната за употреба на вагинални јајца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi