Холивудската актерка е во неволја поради објавата против вакцинацијата: „Марвел треба да ја отпушти“

9 декември, 2020
marvel

Младата актерка набргу ги избриша контроверзните објави на Твитер, но предоцна за да не се соочи со последиците. Еден дел од љубителите на филмот „Black Panther“ веќе бараат замена за да продолжението.

Ѕвездата на блокбастерот „Црниот пантер“, Летитија Рајт (27) на социјалните мрежи сподели материјали против вакцините и пропаганда , што непријатно ги изненади повеќето нејзини обожаватели и колеги.

Младата актерка набргу ги избриша контроверзните објави на Твитер, но беше предоцна. Во видеото што го сподели може да се најдат и трансфобични тврдења, што дополнително крена прашина во Холивуд и на социјалните мрежи.

Еден дел од обожавателите веќе го повикуваат Марвел да ја отпушти младата актерка и да ја довери улогата на Шири на некој друг.

Ако не се согласувате со популарните ставови, туку поставите одредени прашања сами, тие сакаат веднаш да ве исклучат – објави подоцна Рајт, а во дискусијата се вклучи и нејзиниот колега Дон Чидл, кој напиша дека она што го објави е „ѓубре“, но дека дури и не го поддржува нејзиното протерување од франшизата.

Актерката набрзо под притисок го деактивираше својот профил и не се огласи повторно.

escort - Korsan taksi