И салфетките се персонализирани! Кајли го покажа приватниот авион вреден 72 милиони, а тука е и чантата вредна 80.000 долари

3 декември, 2020
kylie-jenner-2-830x0

Познатата старлета позираше покрај торба што чини како цел еден стан во авион вреден кој знае колку станбени згради

Американската ријалити sвезда Кајли Џенер (23) ја покажа внатрешноста на нејзиниот приватен авион вреден 72 милиони долари, а фановите беа изненадени од она што видеа дека старлетата има внатре.

Најмладата милијардерка во Светот им го покажа на обожавателите ентериерот на авионот во розова боја, наречен „Kylie Air“. Таа има персонализирани салфетки, прибор за јадење и друга опрема потребни за уживање во сувиот луксуз во авионот.

Во последните неколку месеци, членовите на семејството Кардашијан-Џенер често патуваа со нејзиниот авион, а овојпат Кајли позираше во темна маичка, кожени панталони и црни чизми, додека на грбот имаше кафеава наметка.

Пред неа стоеше скапа кафеава чанта Биркин, која чини 80 000 долари – како цел еден стан, а фановите не можеа да поверуваат во кој луксуз и богатство живее оваа млада девојка.

Имаше долги црвени нокти, а сите се прашуваат каде запатува. Благодарение на приватниот авион, Кајли може да патува за време на пандемијата на корона вирусот, додека другите луѓе се ограничени за тоа задоволство или потреба.

Кајли летово патуваше со своето семејство на приватен тропски остров за да го прослави својот 23-ти роденден, а потоа го прескокна роденденското патување на нејзината постара сестра Ким Кардашијан (40) за да патува со нејзиниот поранешен партнер Тревис Скот и нивната ќерка Сторми на одмор.

– Иако не се пар, тие се целосно на иста страна кога станува збор за нивната ќерка и се почитуваат еден со друг- изјави извор кој вели дека двајцата Божиќ ќе го поминат заедно оваа година.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris