Има 47 години, а тврди дека не направила естетски корекции! Еве како изгледа манекенката Хајди Клум денес!

3 јуни, 20200
imageedit_95_8723438683

„Немам намера да менувам било што на себеси, пластичната хирургија едноставно не ми е убава“

Моделот Хајди Клум вчера наполни 47 години. Родена е на 1ви јуни 1973 година во Германија. Пред да матурира, таа била наговорена од другарка да се пријави на моден натпревар. Таа победува, добива понуда за договор за манекенство и тука започнува нејзината иконична кариера на модел.

Оваа атрактивна плавуша се има појавено на насловните страни на сите модни списанија. Се испробала и во глума, како во филмови така и во серии. Таа е и успешна дизајнерка на облека, накит и парфеми кои доживеаа голем успех. Заради сето ова, таа го има надимакот на „суперталент“.

View this post on Instagram

Time flies

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) on

Иако многу од нејзините колеги подлегнале на ботоксот и пластичните операции, Хајди тврди дека не е љубител на такви промени

  • “ Немам намера да се обидам да променам нешто на себеси, пластичната хирургија едноставно не ми е убава“, објаснила таа, и додала дека за промени ќе биде спремна можеби дури на 65 години.

Манекенката во 2012 година се најде на листата за најубави природни гради, но сепак уште во 2017г. почнаа озборувања дека нејзиното деколте изгледа поголемо и таа сепак не можела да одолее на пластичната хирургија.

Што се однесува до приватниот живот, таа има два претходни брака пред да се омажи за сегашниот сопруг, гитаристот на групата Токио Хотел Том Каулиц, кој е 17 години помлад од неа. Со претходниот сопруг Сил, таа има два сина Хенри и Џон и една ќерка Лу, а од друга претходна врска има втора 16-годишна ќерка чиј биолошки татко е Флавио Бриаторе, но тој не учествува во нивниот живот.

View this post on Instagram

Mother’s Day breakfast in bed ❤️

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) on

Клум е исто така позната како „кралица на Ноќта на вештерките“, бидејќи секоја година се надминува себеси со изборот на креативни и откачени костими и одушевува со легендарните трансформации.

Во март оваа година таа се најде во центарот на внимание кога се пожали дека е можно да боледува од коронавирус, но на крајот резултатите на нејзиниот тест и тој на сопругот беа негативни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi