Актерот се пошегувал дека имал секс со жена му во карантин и ја шокирал презентерката

9 април, 20200
seks karantin

Трајси Морган шокираше многумина за време на интервјуто во кое се шегуваше за сексуална врска со сопругата за време на карантинскиот период.

51-годишниот актер и комичар, кој на многумина им е познат по улогата во ТВ-шоуто (30 Rock), изјави за новинарката на емисијата „ US Today “, Ходи Котб, за неговата изолација со сопругата Меган Воловер.

„Жена ми и јас сме во карантин веќе три недели, така што таа е бремена три пати“, рече Морган за време на видео повикот од неговиот дом. „Забременуваме секоја недела, и покрај тоа, играме многу улоги“.

„Таа игра млада девица чиј дедо е заразен со коронавирус“, објасни тој. „А јас сум научник кој го открил лекот и таа е подготвена да стори сé што е потребно за да го спаси животот на нејзиниот дедо и кога ќе го кажам тоа, навистина мислам на сè“.

55-годишниот новинарка, кој беше видно засрамена, му рече на актерот колку е тоа креативно, пред да се обиде да ја промени темата. Таа потоа го спомна нивниот дом во Њу Џерси, во кој тие имаа и голем аквариум.

Откако ги слуѓнал вестите за заразениот тигар во зоолошката градина во Бронкс, Морган и рече на Котб дека сакал да ги тестира сите свои животни. „Ќе ги тестирам моите ајкули. Ќе ги тестирам моите јагули“, додаде тој. „Само што купив горила од 270 килограми – и него ќе го испробам“.

„Дали сте сериозни или само се зезате?“ збунето го прашала новинарката.

„Не се шегувам“, појасни тој. „Овие се сериозни работи“.

Морган додаде дека нема намера да ризикува со коронавирусот и ја покажа својата N95 маска, која ја носи во јавноста. „Конечно се чувствувам како хирург“, се пошегува тој.

Но, Морган станал сериозен кога разговарал за здравствените работници затоа што тој поминал долго време во болница по фаталната сообраќајна несреќа во 2014 година во која животот го загубил неговиот пријател Џејмс Мекнир.

„Тие знаат што прават. Тие се борат на фронтот на првите линии. Јас ги сакам“, и рече тој на новинарката. „Поминав многу време во болница. Знам што се случува таму … Тие се мои херои“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi