Алесандра Амбросио цело лето го помина во бикини, но овој пат вниманието на јавноста го привлече нешто друго!

14 септември, 2020
abmr


Пензионираниот ангел на Викторија Сикрет и една од најубавите жени во светот, Алесандра Амбросио, го помина скоро целото лето во костим за капење на плажа, а секое нејзино појавување не помина незабележано.


Но, овој пат, покрај нејзиното извајано тело, во фокусот беа додатоците што ги носеше – големи „вселенски“ очила и ракавици со отсечени прсти. Тоа е дел од нејзината опрема за одбојка на плажа со која обожава да игра, но многумина се прашуваат како 39-годишната убавица се чувствува пријатно и опуштено со тие детали. Алесандра неодамна се врати од одмор на Малдивите каде беше придружувана од момчето Николо Оди, 12-годишната ќерка Ања Луиз и 8-годишниот син Ноа Феникс, кого ги доби со поранешниот свршеник Џејми Мазур со кој раскина во 2018 година. Набргу потоа, на една ноќ надвор, таа се сретна со италијанскиот претприемач Николо, со кого и денес е во среќна врска.

escort - Korsan taksi