7 април, 2020

Радио

Мајката на Бред Пит, Џејн Пит не ја поднесува Анџелина Џоли и сега покажува дека е најголема поддршка на нејзиниот син по бурниот развод.

„Џејн е тврд камен и никогаш нема да прости на Анџелина, низ што се помина нејзиното семејство, особено затоа што децата ги гледа помалку откако Бред и таа објавија дека се разведуваат“, рече изворот. Џејн Пит (80) ја обвинува Анџелина дека се однесува со нејзиниот син на манипулативен начин и не му дозволува на Бред често да ги гледа децата.

Бред, повеќепати ја молел својата мајка да не се соочува со Анџелина, но таа сака да ја погледне во очи и да и одржи лекција. Таа ја обвинува дека го уништила животот на нејзиниот син и сака да добие некои одговори “, објаснува изворот.

Она што исто така и пречи на мајката на Бред е дека разводот од Анџелина е многу скап, а тоа би можело да го чини нејзиниот син дури 100 милиони долари. Но, никој од актерите од оваа приказна сè уште не се огласил јавно за сето ова.

Остави коментар

Почетна // Забава // Бесна како рис! После бурниот развод, мајката на Бред ја презира Анџелина поради овие причини!
Горе