Бред Пит доби Оскар, па го искористи моментот да го критикува Трамп

10 февруари, 20200
pitt

Доделувањето на 92. Оскари по ред, не можеше да помине без политика, а моментот да се „буцне“ американскиот претседател Доналд Трамп и импичментот, ова го искористи никој друг туку славниот актер Бред Пит.

Имено, Пит доби Оскар за најдобра споредна машка улога, а по добивањето на првиот Оскар, својот говор го посвети на политиката. Тој рече дека неговиот говор од 45 секунди е 45 секунди подолг „од говорот што Болтон го имаше во Сенатот за време на судењето на процесот за отповикување на претседателот Доналд Трамп“.

„Имам само 45 секунди, но тоа се 45 секунди повеќе отколку што Сенатот му даде на Џон Болтон“, рече Пит, алудирајќи на фактот дека на поранешниот советник за национална безбедност на Белата куќа не му беше дозволено да сведочи во процесот на импичментот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi