Чарлс и Камила не можат повеќе: „Пукнаа“ поради коментарите полни со омраза…

27 ноември, 2020
images-2020-47-pxl-pa-150820-29823378_dveK70I

Секој што ја гледал новата, четврта сезона на серијалот „Круна“ на Нетфликс, научил многу детали од животот на трагично починатата принцеза Дијана.

Меѓу другото, серијата ја прикажува нејзината врска со принцот Чарлс (72) кој ја изневери со сегашната сопруга Камила (73). Не им требаше долго на корисниците на социјалните мрежи да започнат да коментираат.


– Јасно ми е дека тоа беше многу одамна, но ми пречи што и Камила и Чарлс беа во брак и ги изневерија своите партнери, а денес ги слават како идна кралица и крал – напиша еден од многуте лути обожаватели на Дијана.


Како што се очекуваше, Чарлс и Камила не се воодушевени од вакви коментари, па затоа на нивните најнови твитови може да се забележи белешка: „Само профилите што Кларенсхаус ги следи или ги споменува во објавите можат да одговорат“.

escort - Korsan taksi