Глумецот му се јавил на детето (6) херој кој ја спасил сестра му од бесно куче: Снимката ги расплака луѓето

17 јули, 20200
Annotation 2020-07-17 202905

Храброста на детето, но и реакцијата на снимката на актерот го обиколи светот

Актерот Крис Еванс (39) го израдува шестгодишното момче кое го ризикуваше својот живот за да ја спаси сестра му од бесното куче.

Малиот бил храбар, а од кога се здоби со угризи по лицето и главата, заврши во болница со 90 шавови. Снимката го заобиколи цел свет, а заради храброста која ја покажало детето никој не остана рамнодушен, па многумина му се јавија.

Меѓу оние кои останале воодушевени од потегот на детето е и Крис, кој е познат по улогите во Марвеловите филмови, меѓу кои е и “Капетан Америка”.

– Еј Бриџер, овде е Капетан Америка. Како си, пријателу? Видов што направи и сигурен сум дека последните денови  слушаш многу вакви работи, но имам желба и јас да ти го кажам истото. Ти си херој. Тоа што го направи е толку храбро и несебично. Твојата сестра е среќна што ти си и постар брат, а родителите сигурно се горди на тебе- му порача актерот на снимката која му ја прати.

Снимката на која сето ова му го кажува, Еванс ја пратил на детето, кое толку се воодушевило што ја изгледалo во костимот на Капетан Америка.

View this post on Instagram

There are no words. We are so, so thankful.

A post shared by Nikki Walker (@nicolenoelwalker) on

На оваа приказна без текст останала и тетката на детето, која се огласила на друштвените мрежи со истото видео.

– Разговор со Капетан Америка. Немам зборови. Премногу сме благодарни, премногу – порачала, а ни фановите и следбениците не можеа да не ги искажат своите емоции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi