И заби нож во грб – Камила прибегна кон драстични мерки!

31 јули, 2020
kamila

Откако неславно стигна до кралското семејство со тоа што му беше љубовница на принцот Чарлс за време на неговиот брак со покојната принцеза Дајана, денес 73-годишната Камила, војвотка од Корнвол и сопруга на британскиот наследник на престолот, таа е прочуена и по правењето разни сплетки и интриги во дворот. Наводно, војвотката решила да и забие нож во грб на својата снаа, 60-годишната Сара Фергусон, поранешна сопруга на принцот Ендру.

Camilla Parker

Имено, според списанието „Globe“, Камила била многу лута кога слушнала дека Сара започнала сопствен бизнис, па решила да ја саботира со тоа што ја омаловажувала пред кралицата.

„Познато е дека тие две никогаш не се сакаа, оваа ситуација само и потпомогна во намерата да и наштети. Камила ја гледа Сара како предатор кој ќе стори сé што може да го искористи дворот за самопромоција, па затоа ја убедува кралицата да и ја одземе титулата војвотка од Јорк “, изјави извор за споменатите медиуми.

sarah ferguson

Исто така, истиот извор изјавил дека 73-годишната жена истото го сторила и на сопругите на Вилијам и Хари, Кејт Мидлтон и Меган Маркл, кои редовно ги клеветела пред кралицата, што, според изворот, е исто така една од причините поради кои Меган решила да го напушти кралското семејство.