Ирина Шајк за јавната средба со Бредли подготви врел моден земјотрес

3 февруари, 20200
irina

Седум месеци откако американскиот актер и рускиот модел се разделија, се најдоа на иста јавна манифестација, а Ирина подготви специјална комбинација на облека за оваа пригода…

По доделувањето на наградите БАФТА во Лондон, познатата русинка Ирина Шајк уживаше во забава организирана од британскиот Vogue и Tiffany & Co, а на истата забава присуствуваше и нејзиниот поранешен партнер Бредли Купер! Медиумите објавија дека манекенката и актерот на забавата пристигнале одделно и дека не биле фотографирани заедно во ниту еден момент, а веста во странските медиуми дека за прв пат по раскинувањето се сретнале на јавно место остана во сенка поради она што го облече Ирина.

Манекенката на забавата пристигна во беж капут и салонки со слична нијанса, а кога таа се соблече, сите останаа без зборови. Ирина одбра тоалета каква што досега не сме виделе! Станува збор за т.н. naked dress, составен од боди со мало деколте и мрежа, украсена со кристали.

Познатата русинка додаде дијамантски ѓердан и обетки, карактеристична насмевка и нејзината бескрајна самодоверба, и можеме да замислиме само како делувала оваа сцена на Бредли Купер…

Судејќи според насмевката што ја имаше на пат кон дома, Ирина Шајк си поминала одлично !

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi