„Исплива“ фотографијата од матура на Меган Маркл: Тогаш не ни помислуваше дека ќе биде принцеза

22 декември, 2020
300501_profimedia0549504382_ff

На Инстаграм неодамна се појави фотографија од поранешната војвотка од Сасекс Меган Маркл од средно училиште, а нејзините фанови не можат да поверуваат дека оттогаш таа многу малку се променила.

Имено, на споменатата фотографија Меган има само 16 години и позира со своето момче Луис Сегур пред украсената новогодишна елка.

Меган е весела и насмеана на фотографијата, облечена во светкав црн фустан, а многумина коментираат дека изгледа скоро исто како и денес со 39 години и дека воопшто не се сменила.

– Ако некој ми кажеше дека оваа фотографија е направена минатата година, ќе верував – напиша еден од обожавателите.

– Во тоа време, таа немаше идеја дека ќе стане принцеза – напишаа во коментарите.

escort - Korsan taksi