ЈА ЧУВАЛЕ СВОЈАТА НЕВИНОСТ: Адриана Лима и Џесика Симпсон биле девици до бракот

17 септември, 2020
pjimage_6qKAD2e

Иако сексипилот е одговорен за голем дел од нивната популарност, овие славни личности се водеа од старомодните принципи и се пофалија дека невиноста ја изгубиле само во брак.

Сексуалната невиност се толкува во многу религии како основа на моралната чистота и се препорачува да се остане девица до бракот, а сексот како таков треба да се „консумира“ само во првата брачна ноќ. Во модерно време тоа е се поретка појава, а според студиите помалку од седум проценти од луѓето ја практикуваат денес. Кога станува збор за светот на славните тоа е скоро ендемичен феномен бидејќи пороците, вклучително и хедонистичкото уживање во сексот се истакнуваат како една од најважните состојки на животот на славните.

Додека повеќето луѓе тврдат дека чекањето со секс е апсурдно затоа што може да доведе до голем проблем – избор на животен партнер кој може да биде целосно сексуално некомпатибилен. Според религиозните совети тоа е вистинскиот начин за вистинска врска со некого засновано врз карактерни црти, што мора да биде добра основа за брак, како и за добар секс подоцна.

Меѓу ѕвездите кои ја задржаа невиноста до бракот беа: водителката Кети Ли Гифорд (67), која во 1992 година призна дека е последната „холивудска девица“, музичарот Кевин Џонас (32), пејачката Џесика Симпсон (40), манекенката Адриана Лима (39), која го шокираше светот признавајќи дека е девица до брак. Покрај нив тука беа Лоло Џонс (37), пејачката Кери Андервуд (37), актерката Сара Дру (39), манекенката Кортни Стоден (26), бејзбол играчот Тим ​​Тебоу (33).

escort - Korsan taksi