Како би изгледало општеството ако жените се посилниот пол?! Повеќе влакна, помалку коса, но и нешто УШТЕ ПОВАЖНО!

11 ноември, 2020
жена бомба

Позната е приказната за најпознатата британска премиерка Маргарет Тачер која научи да зборува со подлабок глас со цел да звучи посериозно и поавторитативно


Уште од мали не научија дека мажите се појакиот а жените, поубавиот пол. Со вакво мислење ние израснавме и живееме, па затоа нашето однесување се темели на поделба и дискриминирање.

Затоа многу жени биле изложени на дискриминација против која снаодливо се бореле. На пример, приказната за најпознатата британска премиерка Маргарет Тачер, која научи да зборува со подлабок глас за да звучи посериозно и поавторитативно.

Со текот на времето, жените почнаа да ги освојуваат своите права и да се борат со овие одамна воспоставени предрасуди и стереотипи.

Така на ред дојде прашањето – кој е всушност посилниот пол?

Многу студии, преку анализа на историски документи и записи во последните 250 години, откриле дека жените обично имаат подолг животен век од мажите. Се покажа дека тие се поснаодливи во многу животни ситуации за разлика од мажите.

Повеќето видови – на инсекти, жаби, остриги – правилото е дека женките се поголеми и посилни од машките, бидејќи тие имаат „задача“ да положат стотици или илјадници јајца одеднаш. Сепак, повеќето копнени ‘рбетници, вклучително и луѓето, се исклучок од ова правило. Женките растат до одредена мера, а потоа преминуваат во репродуктивен режим…

Прашањето е, што ќе се случеше ако Маргарет Тачер не требаше да ја менува бојата на својот глас? Што ако „мајката природа“ ја промени физичката динамика на половите и ја смени ситуацијата, и жените станат поголеми и физички посилни од мажите?


Да почнеме со најповршниот – физички изглед. Значи, жените би станале покрупни, бидејќи посилните коски бараат поголема мускулна поддршка. Покрај тоа што ќе имаат поизразен тонус на мускулите, би имале и зголемување на вилиците, влакната на телото, погруб глас и, најверојатно, со текот на времето ќе оќелавуваат. Исто така, нивната репродуктивна функција би се намалила, а матријархатот би преовладувал во општеството. Недостатокот во смисла на физичкиот изглед ќе биде заменет со сила и доминација.

Читајќи го горенаведеното, повеќето жени веројатно ќе сакаат да останат во улогата на „поубавиот пол“. Значи, ќе ги ставиме работите во поинаква перспектива.

Замислете ситуација кога безбедно се враќате од работа или од град и не се плашите дека некој ќе ве нападне од позади, затоа што ќе бидете доволно силни и сигурни да се одбраните…

Замислете дека не треба веќе да се правите глупави и да заработувате помалку само за да се поврзете со маж кој не може да ги поддржи вашите успеси или да лажете дека знаете да готвите бидејќи во спротивно не сте соодветен кандидат за жена и мајка.

Што е најважно, ако жените беа физички посилни, тоа автоматски би го намалило семејното насилство, злоупотреба, силување.

За маните и предностите за „замената“ на родовите улоги може да се дискутира до бесвест, но едно е сигурно – во последните 50 години, тие се значително ослабени. Жените се повеќе се на важни позиции и функции, особено политички, како и првата жена потпретседателка на Соединетите Американски Држави, Камала Харис. Жените стануваат пообразовани, а со тоа и понезависни од мажите. Многу традиционални машки занимања станаа достапни за жените, како што се полицијата и војската.

Ако работите продолжат на овој начин, во иднина веројатно нема да ни биде важно кој е поубав а кој посилен, впрочем ке биде важно кој е каква личност.

escort - Korsan taksi