Која песна од Guns N’ Roses ви одговара според хороскопскиот знак?

6 април, 2020
gr

Хитовите на еден од најголемите рок бендови на сите времиња на многумина им ги обележаа животите и се паметат засекогаш. Сега запознајте ги во малку поинакво светло, забавувајте се и дознајте која легендарна песна на Guns N ‘Roses најдобро го опишува вашиот хороскопски знак.

ОВЕН – Paradise City

Не е ни чудо што овенот, кој сака да ужива во хедонизам и сака да живее во некој вид утопија, што токму оваа песна го опишува најдобро. Однеси ме таму каде тревата е зелена, а девојките се убави, те молам одведи ме дома – о, да, токму за такво идилично место сонува овенот.

БИК – Yesterdays

Иако е познат како знак кој стои цврсто на земја, бикот исто така сака својата рационалност да ја остави настрана и да се занесе во ретроспективно размислување. Биковите честопати се сеќаваат на минатото, на некои работи што ги знаат и за кои жалат, но сепак го сакаат тоа чувство кога се преплавени од спомени.

БЛИЗНАЦИ – Estranged

Можеби малку помалку позната песна на Guns N ‘Roses, но исто толку моќна и импресивна како и нивните најголеми хитови. Чувството на отуѓеност од светот и другите луѓе е нешто со кое се среќаваат многу рок-sвезди, а тоа чувство добро им е познато на припадниците на овој хороскопски знак.

РАК – Don’t Cry


Чувствителните и затворените ракови најдобро можеме да ги опишеме опреку една од најубавите балади од Guns N ‘Roses. Романтичните и често погрешно разбрани ракови многу добро знаат што е несреќна љубов, а токму кога се најтажни, најмногу им одговараат љубовни балади.

ЛАВ – Nighttrain

Една од песните што гo крева расположението, ја загрева атмосферата и е одлична за забава, името го добила по виното Night Train. А во деновите на најголемата слава, момците од Guns N ‘Roses знаеја добро да се забавуваат … Исто како што енергичните лавови се секогаш подготвени за акција, забава и уживање во сето она што животот го нуди.

ДЕВИЦА – Mr. Brownstone

Песна која зборува за зависност и опсесија, во фигуративна смисла, совршено ја опишува хороскопската девица позната по нејзината опсесија со детали и зависност од сè да биде совршено. Секако, ништо не може да биде совршено, но упорната Девица секогаш ќе се стреми кон тоа.

ВАГА – Civil War

Во вечната потрага по правдата и рамнотежата, ниту еден хороскопски знак не е толку чувствителен на неправда како Вага. Секоја неправда ги погодува многу, особено кога страдаат слабите и невините. Свесната вага секогаш ќе се бори за правда и ќе биде на страната на послабите, дури и кога ќе се чувствуваат немоќни и со врзани раце.

СКОРПИЈА – Welcome To The Jungle

О, да, секој што во своја близина има една скорпија, знае дека животот со скорпија не е мирен и сталожен. Скорпиите се страсни, нескротливи, па дури и злобни кога некој ќе ги навреди – нема да простат толку лесно, па дури и ако простат, тие никогаш нема да заборават. Кога ќе влезете во светот на скорпиите, ќе ве поздрави со зборовите – добредојдовте во џунглата!

СТРЕЛЕЦ – Sweet Child O’ Mine

Втората песна на Guns N ‘Roses со најмногу прегледи на YouTube, според многумина, е нивната најубава песна, химна на љубовта. Тоа е оптимистичка љубовна песна која совршено одговара на вечниот оптимизам и позитивизам на стрелецот.https://www.youtube.com/watch?v=1w7OgIMMRc4&feature=emb_logo