Куќи во кои сите сакаме да се изолираме: Италијански проект што испраќа важна порака до светот

12 април, 20200
shuma

Освен удобноста и незаборавниот поглед, самоодржливите куќи на дрво ги охрабруваат туристите да забават, да уживаат во моментот и да направат услуга на природата…

Наградуваното студио со седиште во Милано, Питер Пихлер Архитекчр со концептот на самоодржливите куќи ја воодушеви Европа, а потоа проектот продолжи да го развива во САД, Западна Вирџинија.

Архитектот Питер Пихлер и неговиот партнер и сопруга Силвана Ординас се залагаат за поинаква иднина за туризмот со нивните „хотелски соби“ на дрвја, заснована врз хармоничен однос меѓу човекот и природата, а само самоодржливата архитектура може да помогне во таа околина.

Обликот на куќите што го следат изгледот на околината, локалните материјали и совршената мешавина со природата не е случајна. Идејата на студиото е да ја пренесе пораката дека треба да забавиме и да се залагаме за нова форма на туризам, која има за цел да не натера да запреме, уживаме и почувствуваме просторот наместо брзо да бараме нови дестинации само за да се види што е можно побрзо, а секако и да помогне во зачувувањето на природата.

Минимализмот на ентериерот и изобилството на сончева светлина што пробива низ големите стаклени површини се првите работи што можете да ги видите во домовите кои изгледаат скоро нереални. Гостите ќе имаат 36 до 55 метри квадратни пред себе, додека проширениот дел ќе вклучува конференциска сала и разни едукативни и забавни настани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi