Најавен е реваншот на векот: Тајсон тренира како никогаш порано, а Хелфилд потврди дека се враќа во рингот

18 мај, 20200
тајсон 2

Иако годините си го направија своето, многумина веруваат дека борбата ќе биде спектакуларна

Мајк Тајсон и Ивандер Холифилд би можеле да се соочат на 11 јули во Саудиска Арабија, јавуваат светските медиуми.

Многумина се надеваат на повторување на култната борба од 1997 година, и веќе е објавен плакат, а 57-годишниот Холифилд  и Мајк (53) рекоа дека ќе ги облечат раквиците за хуманитарни цели.

Тајсон веќе се заканува со моќни снимки од тренинзите, се чини дека е подготвен за овој подвиг и не сака да ги изневери гледачите, а сите се надеваат дека оваа борба ќе помине без непријатни сцени, како во 1997та година.

Тогаш Тајсон го гризна увото на несреќниот Холифилд, кој е еден од најголемите скандали во историјата на боксот

Засега нема официјална потврда од промотерот, но постерот кој се појави разбуди голема надеж кај љубителите на боксот.

Борбата од 1997та година е позната и поради 18.000 гледачи во салата, профитот на организаторите од 17.200.000 долари, но и казната од три милиони долари, која Мајк мораше да ја плати за неговиот потег. Во тоа време Холифилд заработи 35 милиони долари од борбата, а Тајсон ја изгуби лиценцата до октомври 1998та година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi