Нови шокантни детали од брачниот живот на парот! Хари е помалку интелигентен од Меган и оди таму каде што таа ќе каже

25 јули, 20200
megan i hari

Принц Хари е многу помалку интелигентен лик од Меган Маркл и постојано се согласува со сè што таа ќе каже, бидејќи очајно сака да ѝ угоди на својата жена, барем според Линда Колин Кампбел (70).

Британската писателка која во 1992 година ја напишала една од најпродаваните биографии „Дијана приватно: Никој не ја знае принцезата“, изнела сензационални тврдења како најава за својата нова книга „Меган и Хари: Вистинската приказна“.

Линда наведува дека војводата и војвотката од Сасекс имаат цврст брак, но дека Меган во таа заедница „ги носи панталоните“, бидејќи нејзиниот сопруг е „маѓепсан од неа“.

„Според мене, Хари е помалку интелигентен од Меган. И мислам дека толку е очаен што ѝ угодува и оди каде и да тргне таа, без разлика колку лошо изгледа тоа. Тој е маѓепсан од неа“, рекла оваа писателка.

Лејди Колин рекла дека Меган и Хари „ќе имаат силен брак, сè додека војвотката има целосна контрола.“

Таа исто така верува дека Меган имала амбиција да ја надмине Дијана, но смета дека актерката погрешно ја протолкувала ситуацијата и дека славата во Лос Анџелес нема да ѝ дојде така како што таа мислела.

Лејди Колин исто така верува дека Меган има политички цели и дека сака еден ден да се кандидира за претседателка. Писателката навела дека според неа Меган ја прокоцкала својата најдобра прилика со тоа што го напуштила кралското семејство.

„Знам дека војвотката од Сасекс има политички амбиции и кажано ми е дека еден ден ќе се кандидира за претседателка. Мислам дека сè што прави, прави плански, вклучувајќи го и тоа дека го повела Хари со себе.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi