Пливаат во милиони: Кој заработува најмногу пари на Инстаграм?

5 јули, 2020
insta

Не е тајна дека познатите личности прават милиони на Инстаграм на таканаречените спонзорирани постови, каде што рекламираат производите на разни компании.

Американскиот актер и борач Двејн „The Rock“ Џонсон се издвојува во морето на sвездите на оваа социјална мрежа.

Според ББС, Џонсон е на врвот на листата на луѓе кои најмногу заработуваат на Инстаграм, а од објава добивал и до еден милион долари.

Според компанијата за маркетинг на социјалните мрежи „Hoper HQ“, Џонсон од првото место на списокот ја симнал младата Кајли Џенер, сопственичка на козметички бренд и реалити ѕвезда.

Џенер има 183 милиони следбеници на оваа мрежа, додека Џонсон има дури 187 милиони, и важи за „највредниот“ корисник на Инстаграм.

Hoper HQ дошол до резултатите откако разговарал со таканаречените инфлуенсери на социјалните мрежи, како и со брендовите и маркетинг-компаниите.

Сепак, многу од бројките што ги добиваат се познати тајни.

Други личности кои заработуваат неверојатни суми од едноставно објавување слики на Инстаграм се Кристијано Роналдо (889.000 американски долари по објава) и Ким Кардашијан Вест, која за оваа услуга наплаќа околу 858 000 долари.

Претходно оваа година, Форбс го прогласи Џонсон за најплатен актер во светот, а минатата година заработи скоро 90 милиони долари само од глума.

Познатите личности мора да кажат во своите најави дека станува збор за платено рекламирање или дека примиле подароци од компанијата во замена за огласот.

Список на познати личности кои најмногу наплаќаат за објавување на Инстаграм

1. Двејн „The Rock“ Џонсон – 187 милиони следбеници, по 1 милион долари по објава

2. Кајли Џенер, 182 милиони следбеници – 986,000 американски долари по објава

3. Кристијано Роналдо 225 милиони следбеници – 889.000 $ по објава

4. Ким Кардашијан, 176 милиони следбеници – 858.000 долари по објава

5. Ариана Гранде, 191 милиони следбеници – 853.000 $ по објава

6. Селена Гомез, 180 милиони следбеници – 848.000 $ по објава

7. Бијонсе Ноулс, 149 милиони следбеници – 770,000 долари по објава

8. Џастин Бибер 139 милиони следбеници – 747.000 $ по објава

9. Тејлор Свифт 135 милиони следбеници – 722,000 долари по објава

10. Нејмар да Силва Јуниор, 139 милиони следбеници – 704,000 американски долари по објава

View this post on Instagram

🖕🏼

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner) on