Повеќе од 3 милиони луѓе го погледнаа најновото видео на Џорџина Родригез снимено на јахтата на Роналдо!

5 декември, 2020
1361974


Вереницата на најпопуларниот фудбалер на денешницата уште еднаш ги воодушеви сите со својот пост на Инстаграм.

Овој пат, наместо секси фотографии, на кои редовно ги истакнува своите облини, таа реши да објави видео кое покажува како се исплателе годините на балетот, бидејќи сепак е многу флексибилна.


На Инстаграм ја следи вистинска армија од 22 милиони луѓе од целиот свет, кои со нетрпение го очекуваат секој нејзин нов пост. А последното видео на Џорџина Родригез, атрактивната свршеница на најпознатиот и најдобар светски фудбалер Кристијано Роналдо, го погледнаа повеќе од 3,2 милиони луѓе.


На видеото, Џорџина вежба на јахтата на нејзинот сопруг Роналдо, во син костум, хеланки и топ, прави шпага и ги покажува своите вештини.


26-годишната убавица, како и обично, го стави во преден план делот од нејзиното тело со кој најмногу се гордее – задникот, кој благодарение на балетот, но и редовното вежбање е цврст и подигнат.


Овој пат Џорџина позираше без никаква шминка, но на нејзиното убаво и младо лице воопшто не и треба шминка. Таа ја заврши својата вежба пред камерата со насмевка упатена до сите нејзини следбеници, а исто така напиша: „Кога знаете каде одите, универзумот ви ги отвора сите врати“.

escort - Korsan taksi