Познатиот готвач Гордон Ремзи е на удар на критики: Цената на англискиот појадок го крена интернетот на нозе! (ФОТО)

22 декември, 2020
215579_gordon-remzi-shutter_ls

Познатиот британски готвач воведе додаток на менито во неговиот ресторан, а гостите не можеа да поверуваат


Познатиот британски готвач и ТВ-sвезда Гордон Ремзи веќе неколку месеци е критикуван поради цената на појадокот во неговиот луксузен ресторан во Лондон.

Имено, во септември, Ремзи покрај менито претстави и англиски појадок, чија цена е 20 евра.

Неговиот пост на Твитер ги разбуди социјалните мрежи, а оние што го пробаа оброкот беа разочарани од големината на порцијата и цената.

Сепак, тој вели дека нема намера да менува ништо и дека тој појадок би го избрал за последен оброк.
“Цврсто стојам зад тоа. Без проблем би го јадел на последна вечера. Ова е вистински англиски појадок збогатен со печен грав. Ако сте загрижени за цената, тогаш не можете да си го дозволите тоа”, рече тој отворено.

Патем, само појадокот во ресторанот на Ремзи содржи две јајца, колбаси, печурки, домати на скара, запечено гравче.

Луѓето со неверување се прашуваа зошто некој би платил 20 евра за толку обичен појадок.

Интересен одговорот од Ремзи до критичарот кој му испратил слика на многу побогат појадок од друг ресторан.

„Јас го нарекувам класичен англиски срцев удар“, напиша тој.

escort - Korsan taksi